1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Орбан бара ослободување на уапсените косовски полицајци

ЕМФ | агенции
20 јуни 2023

Унгарскиот премиер Виктор Орбан бара од српските власти да ги ослободат тројцата косовски полицајци уапсени пред неколку дена.

https://p.dw.com/p/4Spi7
Виктор Орбан, премиер на Унгарија
Виктор Орбан, премиер на УнгаријаФотографија: Darko Vojinovic/AP/picture alliance

Унгарскиот премиер Виктор Орбан побара од српскиот претседател Александар Вучиќ ослободување на тројцата уапсени косовски полицајци.Тој на прес-конференција во Суботица денеска (20.06) изјави:

„Многу внимателно ги следиме настаните на Косово и гледаме што им се прави на Србите. Со почит те молам Претседателе, драг Александар, добро да размислите за ова. Непријателите на Србија одвај чекаат да ви наштетат, мислам дека би било добро да ја послушате препораката на Унгарија и тие тројца Албанци да се вратат на Косово, мислам дека би ви помогнало, затоа те молам да размислиш за тоа“, рече Орбан.

Унгарскиот премиер додаде дека е „неприфатливо од страна на меѓународната заедница да ги прифати изборите (на Косово) како легални со учество од околу 4 отсто (на граѓани со право на глас, н.з.)“. „Ние, Унгарците, го гледаме тоа и јасни ни е“, додаде Орбан.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не знаел оти унгарскиот премиер Виктор Орбан јавно ќе побара Србија да ги ослободи тројцата косовски полицајци, уапсени неодамна во централна Србија, наведувајќи дека тоа е „работа на надлежните органи“.

„Виктор (Орбан) синоќа ми кажа дека има голем притисок врз Србија и дека едвај чекаат да преземат мерки против нашата земја. Ви благодарам за грижата драг пријателе и ќе го земам предвид секој Ваш совет или молба со најголема грижа и љубезност“, рече Вучиќ на првата седница на Стратешкиот совет за соработка меѓу Србија и Унгарија во Суботица.

Вучиќ додаде дека уапсените полицајци „јадат торта, пијат кока-кола“, додека Србите на Косово „не можат веќе да толерираат зулум, постојано се апсени и единствена вина им е што се живи“.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и унгарската претседателка Каталин Новак денеска заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и српската премиерка Ана Брнабиќ, како и членовите на владите на двете земји, ја одржаа првата седница на Стратешкиот совет за соработка на Србија и Унгарија. Потпишани се и билатерални договори во повеќе сфери.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема