1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
НаукаГлобално

„Омега": поплави во Грција, Бугарија и Турција

Александер Фројнд
7 септември 2023

Прво бевме сведоци на неподносливи горештини и шумски пожари, сега на обилни врнежи. Причина за тоа е т.н. стабилна омега-состојба. Колку подолго трае, толку поекстремно ќе станува времето.

https://p.dw.com/p/4W3Mk
Поплави Грција
Поплави од библиски размери во ГрцијаФотографија: Sevina Dariotou/Eurokinissi/ANE/IMAGO

Се чини дека времето е „полудено”. По страшните горештини и деструктивните пожари, југоисточна Европа сега се соочува со поплави - прво во Шпанија и Италија -а сега и дождови од библиски размери во Грција и Турција.

Овој временски феномен се нарекува „омега” и може да се појави во различни делови од светот, како северна и јужна Америка, Азија и Австралија, а не само во Европа. 

Оваа појава посебно е важна во преодниот период меѓу лето и зима затоа што предизвикува изедначување на воздушните температури меѓу тропските и поларните региони, но некогаш „омега” знае да се формира и во лето или во зима.

Кога метеоролози ќе го чујат поимот, знаат дека на погодениот регион не му се пишува добро, затоа што таквата временска состојба е посебно стабилна и оттаму и толку деструктивна. Над средна Европа се формира подрачје на висок притисок, додека од страните над северниот Атлантик и источна Европа има две подрачја на низок притисок. На временската карта ова наликува на последната буква во грчката азбука, омега, па од таму и името на феноменот кој се чини нема крај. 

Екстреми заради омега"

Последиците не може да видат поразлични - во центарот на Европа имаме долго време невообичаено сончево време, додека подрачјата на низок притисок се далеку над Медитеранот. Во западна Европа како неодамна во Шпанија, или во југоисточна Европа,како во Грција и Турција пак,има обилни врнежи на дожд затоа што подрачјето на низок притисок речиси и да не се поместува.

Поплави Грција
По неподносливите горештини, Грција се соочува со обилни дождови и поплавиФотографија: EUROKINISSI/AFP

Посвежиот воздух од север се судира со многу топлиот воздух над Медитеранот, пареата што испарува дава уште повеќе енергија во подрачјето на низок притисок и последицата се страшни, локални врнежи. 

По долгото и многу топло лето пресушената почва не може да прими толкава количина на вода. Во шумските пожари е делумно уништена и вегетацијата, па последица се поплави, ерозии на земјиште, одливи на кал.

„Блокади“

Метеоролозите сѐ почесто забележуваат вакви временски појави, наречени и „блокади” поради кои западни ветрови кои носат дождови веќе не може да продрат до средна Европа. 

Тоа го видовме во 2006 година во Германија кога како нарачано за светското првенство во фудбал, со недели траеше топлото и суво време затоа што и на земја и до височина од 10 километри во воздухот владееше висок притисок. 

Поројни дождови и големи поплави во Грција

Вообичаено такви подрачја има само во близина на почвата кои потоа ги растерува западниот ветар, атмосферската циркулација на воздух во правец на ротирањето на земјата од запад кон исток, благодарение на што се случува типичната наизменична промена на сонце и дожд при умерени температури во средна Европа.

„Омега" временските состојби не се директно поврзани со промената на климата, туку се случуваат заради краткорочни атмосферски влијанија. Климатското затоплување пак условува долгорочни промени во глобалниот климатски систем. Но, некои последици од промената може да влијаат врз зачестеноста или интензитетот на одредени метеоролошки феномени, како на пример во актуелните случаи интензитетот на дождот. 

Мрачни прогнози

Тешко е да се претскаже колку ќе трае „омега" временската состојба.

Но, за претстојните денови прогнозите за југоисточна Европа се мрачни. На почетокот или средината на следната недела атлантското подрачје на низок притисок може да го смени времето во централна Европа.