1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Огнениот танц на Соња

Марија Пешиќ
5 септември 2023

Соња Војводиќ од Бар има несекојдневен талент. Нејзин главен реквизит за танц е огнот. Нешто што порано било страв, денес е нејзина професија. #dw_BalkanBooster

https://p.dw.com/p/4VoVx

Соња Војводиќ е единствената Црногорка која практикува танцување со оган. „Огнот е моќен елемент кој постојано ме учи дека ова што го правам е поголемо од мене и дека може да ми наштети во секој момент, но исто така ме учи и на присустност“, вели Соња.

Таа денес редовно настапува на фестивали, прослави, забави... Сепак, не е сè толку лесно како што изгледа:

„Во Црна Гора нема ниедна школа, нема учител кој би можел да ме научи. И најголемиот предизвик за мене е што сѐ учам преку интернет, купувам курсеви, истражувам сама и понекогаш учењето на некое движење трае со месеци“.
 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема