1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обвинение против семејниот адвокат на Џина Махса Амини

Ролф Петер Бројх
31 август 2023

Речиси една година по насилната смрт на Џина Махса Амини, иранскиот режим презема мерки против адвокатот на нејзиното семејство.

https://p.dw.com/p/4VmOj
Правникот и адвокат за човекови права Ме Салех Никбахт
Правникот и адвокат за човекови права Ме Салех Никбахт (архивска фотографија)Фотографија: jamaran

Адвокатот на семејството наЏина Махса Амини е обвинет за „пропаганда против Исламската Република“, изјави неговиот правен советник за иранскиот весник „Етемад“. Причина се интервјуа што ги дал Ме Салех Никбахт. Како што пишува весникот, Никбахт пред судот се изјаснил за невин и рекол дека тој само го критикувал „начинот на кој властите ја водат земјата“.

Доколку биде прогласен за виновен, на адвокатот му се заканува затворска казна до три години. Никбахт има застапувано повеќе познати личности, како режисерот и победник на Берлиналето, Џафар Панахи, кој неодамна беше ослободен со кауција.

За две недели ќе биде првата годишнина од денот кога иранската Курдка, Џина Махса Амини беше уапсена и смртно повредена од страна на т.н. полиција за чување на моралот.Тогаш адвокатот изјави дека семејството Амини ги пријавило полицајците кои ја уапсиле нивната ќерка. Тој јавно изрази сомневање во официјалните изјави дека младата жена починала поради претходна болест.

Џина Махса Амини беше уапсена поради наводно несоодветно носење шамија. Нејзината смрт го поттикна гневот на младата генерација и ги предизвика најжестоките протести во земјата во последните децении.

Приговор значи опасност

Според информациите на Меѓународното друштво за човекови права (ИСХР), иранскиот режим систематски презема мерки против адвокатите за човекови права. Пред неколку дена беше уапсен адвокатот на еден егзекутиран демонстрант. Истакнатиот адвокат Мостафа Нили до неодамна беше во затвор на отслужување на казна од шест месеци.

Повторно е уапсена и познатата новинарка Насила Маруфиан. Новинската агенција Тасним јавува дека причината за тоа е прекршување на исламските правила за облекување.Маруфијан со месеци е на удар на иранското правосудство. Таа имаше интервју со таткото на Амини и веќе беше уапсена за време на протестите во ноември 2022 година.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема