1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

„Њујорк тајмс“: Израел знаел за плановите на Хамас за напад

ЖА
1 декември 2023

Како на терористите од Хамас им успеа да ја ореминат оградата, да предизвикаат крвопролевање и да земат заложници од Израел? Според „Њујорк тајмс“, во Израел постоела погрешна проценка за одамна познати планови на Хамас.

https://p.dw.com/p/4ZfQc
Израелски војници во Кфар Аза по нападот од терористите на Хамас
Израелски војници во Кфар Аза по нападот од терористите на ХамасФотографија: Thomas Coex/AFP/Getty Images

Израел имал укажувања за планиран масивен напад на исламистички Хамас уште една година пред 7 октомври, пишува „Њујорк тајмс“. Според извештај во весникот, израелските власти располагале со документ од 40 страници со кодно име „Ѕидот на Ерихон“, кој го скицирал  планот за напад од Хамас.  Тој до детали соодветствува на нападот што  терористите на Хамас  го извршија од Појасот Газа во Израел на почетокот на декември, пишува весникот.

Документот бил уште ланската година во рацете на израелските власти, односно циркулирал во воени и кругови на тајните служби. Но, бил отфрлен со проценка на експертите дека изведбата на планот е премногу комплицирана и тешка за Хамас.

Документот, чиј превод го има весникот, не содржел датум за извршување на нападот, но опишувал систематски напад за преминување на безбедносните ѕидови и огради околу Појасот Газа,  заземање на израелски населби  и важни воени бази. Предвидени биле на почеток претходни ракетни напади, дронови кои ќе ги елиминираат надгледувачките камери и автоматските безбедносни системи по должината на границата, како и масовно учество на борци кои ќе го нападнат Израел  со параглајдери, мотоцикли и пеш, верзија која Хамас крајно ја реализираше со „стравична прецизност“, како што пишува „Њујорк тајмс“.  

Агонијата на семејствата на заробените Израелци продолжува

Три месеци пред стварниот напад, спред весникот, искусна аналитичарка од израелската разузнавачка служба со меилови предупредила на спроведен  тренинг на Хамас  кој е многу сличен на планот од „Ѕидот на Ерихон“. „Категорично противречам на тврдењето за имагинарност на сценариото. Ова е план конципиран за почеток на војна, не е план само за напад врз едно село“, му напишала аналитичарката на полковнк во дивизијата Газа.

Но, воениот колега останал на проценката дека Хамас не е во состојба вистински да реализира таков комплексен план. „Кратко речено, да исчекаме трпеливо“, се вели во неговиот одговор.

„Нема никаква двојба во тоа дека нападот од 7 октомври е потфрлање од наша страна, секако дека е во прашање неуспех“, изјави Тал Хајнрих, портпаролка на израелската влада за Си-Ен-Ен во петокот вечерта. Израел внимателно ќе ги анализира случувањата за да извлече поуки. На прашањето во колкава мера израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху бил запознат со напаѓачкото сценарио, односно дали го прочитал документот, Хајнрих истакна: „Ќе спроведеме истрага. И премиерот зборуваше на таа тема. Кога ќе биде време за тоа, тој ќе каже повеќе.“