1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО подготвува планови за случај на војна со Русија

БГ /РТР
25 септември 2024

НАТО планира како да го координира транспортот на голем број ранети војници од фронтот во случај на војна со Русија, вели висок генерал на Алијансата. Според него, транспортот веројатно би се одвивал преку железница.

https://p.dw.com/p/4l4BH
Генерал Александер Солфранк НАТО
Генералот Александер Солфранк (л) смета дека НАТО мора да се подготви за транспорт на ранети војници во случај на војна со РусијаФотографија: Frederic Kern/Geisler-Fotopress/picture alliance

Идното сценарио за медицински евакуации ќе се разликува од искуството на сојузниците во Авганистан и Ирак, вели генерал-полковник Александер Солфранк, прв човек на логистичката команда на НАТО.

Во евентуален конфликт со Русија, западните армии веројатно би биле соочени со далеку поголема воена зона, поголем број на ранети војници и, барем привремено, недостаток на воздушна супериорност во близина на фронтот, вели германскиот генерал.

„Предизвикот ќе биде да се обезбеди високо-квалитетна нега за, во најлош случај, голем број ранети“, изјави генералот без да каже колкав број на ранети војници очекува. 

Плановите за медицински евакуации се дел од поширокиот напор на НАТО, предизвикан од руската агресија врз Украина, да ги реформира и подобри своите способности за да одврати и да се одбрани од руски воен напад. 

„Воен Шенген“ 

Германската армија проценува дека Русија би била подготвена да нападне НАТО-членка најрано во 2029 година, додека рускиот претседател Владимир Путин го карактеризира Западот како агресор поради поддршката за Украина.

Солфранк е задолжен за координација на движењето на трупите и тенковите низ Европа, и за логистички подготовки како складирање муниција на источното крило на НАТО. Неговата команда, со седиште во германскиот град Улм, неодамна одржа вежба за координација на наплив на пациенти. 

НАТО Вежба
Воена вежба на НАТО во ЕстонијаФотографија: Raigo Pajula/AFP/Getty Images

Доколку дојде до конфликт со Русија, ранетите трупи не само што ќе треба да бидат транспортирани на голема оддалеченост, туку руската противвоздушна одбрана и борбени авиони ќе ги загрозуваат медицинските летови. Тоа отвора потреба за болнички возови кои би можеле да транспортираат повеќе жртви, одошто авионите. 

„Најпрво ќе мора да се постигне воздушна надмоќност. Ќе биде потребно време за да се успее во тоа на целата должина и длабочина на фронтот“, вели Солфранк.

Дополнителен проблем кој ќе треба во меѓувреме да се надмине се различните медицински регулативи меѓу земјите-членки. Во прашање е некој вид на „воен медицински Шенген“, кој би можел да овозможи слободен проток на чувствителни медикаменти како наркотици или силни лекови против болки.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи