1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
МузикаКосово

Музика без етнички граници

Вјоса Ќеркини | Арбнора Мемети
22 септември 2023

Младинскиот оркестар од Западен Балкан во Приштина неодамна настапи со музика од албански и српски композитори. Приштина е само една станица од нивната турнеја низ Балканот. Оркестарот го сочинуваат 63 музичари од различни земји.

https://p.dw.com/p/4Wf5r

Композицијата „Звуците на Балканот“ од српскиот композитор Лазар Ѓорѓевиќ и „Фолк свита“, дело на косовскиот композитор Дринор Зимбери се дел од она што беше изведено на концертот во Приштина. Балканските елементи на двете симфонии создадоа уникатна атмосфера и дадоа шанса музика од двете етникума да се свири на иста локација.

Десар Сулејмани, директор на Младинскиот оркестар од Западен Балкан и диригент, вели:

„Oбјавивме конкурс за млади композитори од Западен Балкан, на кој победија четворица млади композитори од Северна Македонија, Косово, Србија и Албанија. Од политички и културни причини решивме (овде) да претставиме двајца композитори од Србија и Косово. Овие две дела се културни знаци на соработката што сакаме да ја постигнеме меѓу двата народа. Иако сегашната политика е спротивна на она кон што целиме.“

Оркестарот имаше двајца музичари помалку бидејќи поради визи и пасоши не добиле дозвола да дојдат на Косово. Публиката го ценеше она што го презентираше остатокот од младите музичари и ги награди со срдечен аплауз.

„Најдобриот дел од овој проект е што се среќаваме и се поврзуваме со музичари од различни земји, свириме заедно и поминуваме одлично. Композицијата 'Звуците на Балканот' е направена специјално за овој оркестар и на публиката ѝ ја покажува убавината на балканскиот ритам, балканскиот звук“, вели Богдана Меденица, музичарка од Белград

Младинскиот оркестар на Западен Балкан (WBYO) се стреми да ги обедини младите во регионот, урива бариери и промовира траен мир со опфаќање жанрови од класична до поп до рок музика и балкански ритам.

Адеса Купа, музичарка од Косово, оценува:

„Двете дела се многу добри музички и од секој аспект. Мислам дека потеклото или културата на секој автор не е важно. Овде се собравме само за една работа, а тоа е музиката.“

За оркестарот нема национални, етнички, верски и културни граници. Младите музичари се на турнеја не само на балкански, туку и неколку европски сцени.


 

Вјоса Ќеркини
Вјоса Ќеркини Се занимава главно со теми од Косово, другите балкански земји и нивните односи со Западот
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема