1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаГлобално

Што е циркуларна економија?

Геро Руетер
16 март 2024

Ширум светот сѐ повеќе се фрла отпад, а ние луѓето трошиме многу повеќе ресурси отколку што животната средина може да поднесе. Со циркуларна економија тоа може да се смени. Како би функционирало такво нешто?

https://p.dw.com/p/4dA5U
пластичен отпад
Жолти кеси за пластичен отпад: Овде веќе е извршено раздвојување на отпадотФотографија: Torsten Krüger/imageBROKER/picture alliance

Како функционира циркуларната економија?

Актуелно во светот доминира т.н. линеарна економија, при што од суровини се произведуваат нешта кои се користат кратко време и потоа завршуваат во отпад. Потоа мора да се добијат нови суровини за нови производи. Тоа ѝ штети на животната средина и чини многу пари и енергија.

Циркуларната економија функционира поинаку - имено, сите производи се произведуваат на начин што ќе може да се користат долго и да се поправаат. Кога ќе истече нивниот животен век, се рециклираат колку што е можно повеќе, односно доаѓа до поврат на суровините кои потоа се користат за нови производи. Притоа настануваат многу помалку отпад и емисии штетни за околината. На пример, од скршеното стаклено шише може да се направи ново шише и така се заштедуваат пари и ресурси. Принципот може да се примени за сите суровини и производи, за да може сѐ да се користи што е можно подолго и да се задржи во кругот. И во самото производство може да се трошат помалку ресурси ако се применува енергија од обновливи извори и така се избегнат штетни емисии или токсичен отпад.

Која е користа од рециклирањето?

Циркуларната економија насекаде во светот со столетија била сама по себе разбирлива. Секое едно нешто се користело што е можно подолго и ништо не било залудно трошено. Дури пред околу 150 години, откако сѐ повеќе се произведува индустриски, сето тоа се промени.

Денес циркуларна економија се среќава пред сѐ во традиционални заедници, но таков пример е и користењето на измет како природно ѓубриво за одгледување прехранбени намирници во биолошкото земјоделство. Во многу земји архитектите се залагаат за користење одржливи градежни материјали кои може да се добијат локално. На пример, повторно повеќе се гради со дрво, наместо со цементот, кој е штетен за климата. И зградите може подолго време да се користат и санираат, наместо да се уриваат. Ако градежните материјали се рециклираат, се трошат помалку суровини и се избегнува непотребен отпад. 

Зошто треба и како може да се рециклира бетон?

Многу материјали може да се преработат речиси и без да загубат од првобитните карактеристики. Тоа особено добро функционира со стакло и метал, хартија пак може да биде ре-употребувана 10 до 25 пати. Пластиката е помалку соодветна за рециклирање затоа што најчесто е мешана со други состојки или со штетни хемикалии. И кај металите добивањето сировини од рециклиран материјал штеди многу енергија во однос на ископувањето на руда од рудниците. Рециклирањето на алуминиум заштедува 95 проценти од енергијата која инаку би била потребна за да се добие од руда.

рециклирање на метал
Повторно добивање метали до отпад заштедува многу енергијаФотографија: Peter Hofstetter/Zoonar/picture alliance

Какво значење има циркуларната економија за потрошувачите и индустријата?

За да функционира циркуларна економија мора да учествуваат сите – потрошувачи, индустрија и политика. Ако потрошувачите веднаш го двојат отпадот, рециклирањето е поедноставно. А, кој при купувањето внимава, може да се одлучи за производи кои траат подолго и прават помалку отпад. Квалитетна јакна од волна или памук може да е поскапа од јакна од вештачки материјали, но затоа и трае подолго и подобро може да се закрпи, ако се скине. За разлика од пластичниот отпад, природните влакна се разградуваат природно без да ја загадуваат средината. Индустријата може да ги произведува производите без отровни хемикалии кои влијаат на нивната ре-употребна вредност. На пример, мобилните телефони може да се произведуваат на начин што батериите и други делови може лесно да се променат. Ако се мисли на рециклирање уште во производствените процеси, злато, ретки руди и други суровини полесно ќе може да се повратат од старите уреди и да се користат за нови.

Владите може да ги постават законските услови за циркуларната економија. Сѐ повеќе земји и компании поттикнуваат рециклирање, избегнување на отпад и обмислен дизајн на системи и производи. Тоа ѝ користи на економијата и создава нови работни места. Ширум светот, со помош на циркуларна економија, според Институтот за светски ресурси, до 2030 година може да се создадат околу шест милиони нови работни места.

Предизвик: Една недела без пластика

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема