1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФудбалЕвропа

Моментот е сега: Манчестер Сити копнее по титулата во ЛШ

ЕМФ / сид
10 јуни 2023

Финалето на Лигата на шампиони ги електризира фудбалските фанови ширум светот. Манчестер Сити, напумпан со невидено многу пари, се надева на титулата. Интер сака да се спротивстави со игра со полно срце.

https://p.dw.com/p/4SNVa
Олимпискиот стадион Ататурк во Истанбул
Финалето на ЛШ се игра на Олимпискиот стадион Ататурк во ИстанбулФотографија: Kerim Okten/epa/dpa/picture-alliance

Пеп Гвардиола одвај го чека стартот на натпреварот на преполниот Олимписки стадион Ататурк. „Каква привилегија“, изјави тим-менаџерот на Манчестер Сити пред наелектризираното финале во Лигата на шампионите во Истанбул. „Нѐ дели само еден натпревар.“ Од историски „трипл“ (тројна победа, н.з.), како јасен фаворит, со врвни ѕвезди како ненаситниот Ерлинг Халанд и капитенот Илкај Гундоган.

Само уште 90 или максимум 120 минути, само уште со нетрпение очекуваниот дуел со аутсајдерот Интер во сабота (10.06) ги дели небесно сините од светската слава на која навивачите на Сити и сопственичката групација на шеикот Мансур се надеваа со години. Тие беа подготвени да вложат милијарди во проектот за конечно да го држат трофејот од прва класа во своите раце. Моментот е сега.

„Нема нешто што го сакаме повеќе од освојување на Лигата на шампионите“, изјави Гундоган, за кого шансата во родната земја на неговите родители е посебна. „Отсекогаш сум сонувал да играм во финале во Лигата на шампионите и ќе ми биде голема чест да одиграм таков натпревар“, изјави напаѓачкиот колос Халанд: „Но, се разбира, таму имаме и работа.“

Лига на шампиони фудбал пехар
Кој ќе го крене пехарот?Фотографија: Emrah Gurel/AP Photo/picture alliance

Доколку ова успее, Манчестер Сити би имал предност пред другите таканаречени шеик-клубови како Пари Сен Жермен (Катар) или Њукасл Јунајтед (Саудиска Арабија). Успехот може да се објасни и со огромните износи вложени пари, но и со Гвардиола, кој од Бајерн Минхен премина во Сити во 2016 година и дванаесет години по последниот триумф со ФК Барселона во Лигата на шампионите е и тоа како загреан за пехарот. Мора да се прифати „дека треба да ја освоиме Лигата на шампионите ако сакаме да го направиме последниот чекор како голем клуб“, рече 52-годишниот Гвардиола.

Гвардиола знае што го чека него и неговиот тим пред 72.000 фанови на стадионот и стотици милиони гледачи пред телевизиските екрани: многу непослушна „Интер-фамилија“, која во никој случај нема да замрзне од стравопочит. „Ќе ги оставиме животите на теренот“, изјави Робин Госенс ​​на DAZN. Клубот со традиција во кинеска сопственост, против Манчестер Сити сигурно ќе настапи со голема самодоверба.

„Ние сме аутсајдерот, но тоа е она што го прави фудбалот толку возбудлив“, изјави тренерот Симоне Инзаги, кој неодамна со својот тим го освои Купот на Италија: „Играме против еден од најсилните тимови во светот, со тренер кој сите добро знаеме. Ќе се обидеме да бидеме подготвени на се“.

И ќе се направи сѐ што е можно за на теренот да дојдат до израз сопствените силни страни. На цврстата одбрана на англискиот шампион и освојувачот на ФА-купот проблеми може да ѝ предизвика особено светскиот шампион Лаутаро Мартинез. „Се надеваме дека подобриот тим ќе победи и дека на крајот ние ќе го имаме трофејот в раце“, вели Аргентинецот. Тој е подготвен за возбудливо финале