1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

Луисвил: Шест загинати во новиот вооружен маскр во САД

СН/агенции
11 април 2023

Не минува ниту ден во САД без вооружено насилство. Сега тоа се случи во банка во американската сојузна држава Кентаки: 25-годишен напаѓач отвори оган и уби пет лица пред да загине во престрелка со полицијата.

https://p.dw.com/p/4Pt9r
Полициски возила пред местото на злосторството во Луисвил
Полициски возила пред местото на злосторството во ЛуисвилФотографија: via REUTERS

Банкарски службеник уби пет лица, а рани осум во вооружен нападво банка во градот Луисвил, во американската сојузна држава Кентаки. Меѓу убиените е и напаѓачот, кој во живо го пренесуваше пукањето на Инстаграм. Ранетите се пренесени во болница, меѓу кои има и двајца повредени полицајци. Жртвите се на возраст меѓу 40 и 64 години.

Меѓу деветте повредени е и полицаец кој дипломирал на полициската академја пред само две недели. Полицаецот бил застрелан во главата и сѐ уште е во критична состојба по операцијата на мозокот.

Очевидци за американските медиуми изјавија дека вооружениот напаѓач отворил оган во конференциската сала на Старата народна банка во центарот на градот во 8 часот и 30 минути по локално време.

Полицијата во Луисвил брзо ја блокираше пошироката област околу местото на злосторството
Полицијата во Луисвил брзо ја блокираше пошироката област околу местото на злосторствотоФотографија: via REUTERS

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, се трудеше да не заплаче додека зборуваше за блиските пријатели кои беа убиени во нападот. Тој рече дека неговиот „неверојатен пријател“, Томи Елиот, потпретседател во банката, бил меѓу жртвите. „Томи Елиот ми помогна да изградам кариера како адвокат, ми помогна да станам гувернер, ми даде совети како да бидам добар татко“, рече Бешеар.

Заменик-началникот на полицијата во Луисвил, Пол Хемфри, изјави дека полицајците пристигнале на местото на настанот во рок од три минути и го затекнале вооружениот напаѓач додека сè уште пука. Осомничениот починал по размена на оган со полицијата, но не е соопштено дали е убиен од полицијата и дали се самоубил.

Според статистичките податоци, годинава во Америка имало повеќе масовни пукања отколку што има денови. Ова е 146-та престрелка со повеќе од четири повредени или убиени во Америка од почетокот на годината, а 10 април е 100-ти ден.

Американскиот претседател Џозеф Бајден го опиша пукањето како „бесмислен чин“ и ги повика републиканците во Конгресот да преземат мерки за контрола на оружјето. Многу републикански сенатори ги претставуваат државите со големи заедници кои поддржуваат оружје.