1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаТајван

Лаи Чинг-те победи на претседателските избори во Тајван

ЖА
13 јануари 2024

Вице-претседателот и поддржувач на независноста, Лаи Чинг-те победи на претседателските избори во Тајван. Опозицијата го призна поразот.

https://p.dw.com/p/4bCdw
Вице-претседателот и поддржувач на независноста на Тајван, Лаи Чинг-те
Вице-претседателот и поддржувач на независноста на Тајван, Лаи Чинг-те Фотографија: Ann Wang/REUTERS

64-годишниот политичар од владејачката Демократска напредна партија (ДПП), Лаи Чинг-те по пребројувањето на 98 проценти од гласовите, доби поддршка од 40,2 проценти, како што соопшти денеска (13.01.2024) Изборната комисија. Неговиот најважен ривал, Хоу Ју-их, кандидат на кон Кина наклонетата Куоминтанг (КМТ) освои 33,3 проценти гласови и го призна својот пораз.

Лаи важеше за фаворит на претседателските избори. За време на изборната кампања тој најави дека во случај на негова победа, ќе го продолжи критичкиот кон Кина курс  на досегашната  носителка на функцијата, Тсаи Инг-вен. Тсаи не смееше да се кандидира по трет пат за претседателската позиција. Денеска во Тајван се одржаа и парламентарни избори, чиј исход уште не е целосно познат.

Кина го смета Тајван за одметната провинција  која повторно треба да се обедини со копнениот дел, доколку е нужно, и со употреба на воена сила. Исходот од денешните избори се сметаше за решавачки за идните односи меѓу Тајпеј и  се` поагресивниот Пекинг.