1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаСоединети Американски Држави

Конгресот спречи банкрот на САД

СН/агенции
2 јуни 2023

Избегната е можната неликвидност на американската администрација: и горниот дом на Конгресот изненадувачки брзо го изгласа законот за лимитот за задолжување. Претседателот Бајден сака да го потпише денеска.

https://p.dw.com/p/4S63O
Зградата на Капитолот во Вашингтон:  Сенатот на САД заседаваче до доцна во ноќта
Зградата на Капитолот во Вашингтон: Сенатот на САД заседаваче до доцна во ноќтаФотографија: J. Scott Applewhite/AP Photo/picture alliance

Американскиот Сенат во четвртокот (01.06.2023) го усвои законот, за кој компромис постигнаа претседателот Џо Бајден и републиканскиот спикер на Претставничкиот дом, Кевин Меккарти за зголемување на горната граница на американскиот долг од 31,4 милијарди долари.

Сенатот гласаше со 63 гласа „за“ и 36 „против“ законот кој во средата го усвои и Претставничкиот дом на САД, по неколкумесечни несогласувања меѓу демократите и републиканците. Министерството за финансии претходно предупреди дека нема да може да ги плати обврските доколку до 5 јуни не се усвои соодветниот закон. 

Телевизијата на Сенатот го прикажува конечниот резултат од гласањето: 63 гласови „за“ наспроти 36 „против“
Телевизијата на Сенатот го прикажува конечниот резултат од гласањето: 63 гласови „за“ наспроти 36 „против“Фотографија: Senate Television/AP/dpa/picture alliance

Неликвидноста на најголемата светска економија можеше да предизвика глобална финансиска криза и економски пад. Поради тоа, политичкото натегање во Вашингтон предизвика вознемиреност и на берзите.

„Голема победа за американската економија и народ“

„Вечерва избегнуваме неисполнување на обврските“, рече лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер. Пред гласањето, сенаторите отфрлија десетина амандмани, испраќајќи го до претседателот Џо Бајден нацрт-законот на потпишување пред крајниот рок.

Според новиот закон, ограничувањето на федералното задолжување ќе биде суспендирано до 1 јануари 2025 година. Претседателот на САД, Бајден ја пофали правовремената реакција на Конгресот.

„Овој договор меѓу демократите и републиканците е голема победа за нашата економија и за американскиот народ“, порача Бајден во соопштение и најави дека сака да го потпише законот што е можно поскоро, односно во текот на денешниот ден.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема