Кина и Белорусија договорија засилена соработка
23 август 2024Во изјава објавен по средбата на кинескиот премиер Ли Кијанг и белорускиот премиер Роман Головченко се вели дека Кина и Белорусија имаат намера да ја зајакнат и онака блиската соработка во делот на трговијата, безбедноста, енергијата и финансиите.
Според весникот „Чајна Дејли“, Ли, за време на неговата посета на Белорусија, ги пофалил односите меѓу двете земји кои останале динамични во изминатите 32 години и покрај промените во светот. Кина, по Русија, е втор најголем трговски партнер на Белорусија. Билатералната трговија минатата година изнесувала над 8,4 милијарди долари, пишува „Чајна Дејли“.
Белорускиот властодржец Александар Лукашенко ја посети Кина двапати минатата година и во декември даде уверување дека е „доверлив партнер“ на Пекинг. Во јули, Белорусија беше примена во Шангајската организација за соработка, која ги вклучува Русија, Казахстан, Индија, Кина, Киргистан, Пакистан, Таџикистан, Узбекистан и Иран.