1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСеверна Кореја

Пјонгјанг првпат прикажа постројка за збогатување на ураниум

СН/агенции
13 септември 2024

Северна Кореја сака да го прошири производството на нуклеарен материјал за оружје. Фотографиите на државните медиуми го прикажуваат владетелот Ким во постројка за збогатување ураниум - што е првпат воопшто.

https://p.dw.com/p/4kZur
Севернокорејските медиуми не соопштија кој објект го посетил Ким, ниту кога
Севернокорејските медиуми не соопштија кој објект го посетил Ким, ниту когаФотографија: KCNA via REUTERS

Севернокорејскиот лидер Ким Jонг Ун повика на зголемување на бројот на центрифуги за збогатување ураниум за да се зголеми производството на нуклеарното оружје за самоодбрана, објавија денеска државните медиуми.

Ким го упати повикот за време на посетата на Институтот за нуклеарно оружје и производствената база за „нуклеарни материјали за оружје“, според Корејската централна новинска агенција (КЦНА). Во соопштението не се открива локацијата на објектите, ниту датумот на увидот.

За време на посетата Ким „ја истакна потребата од дополнително зголемување на бројот на центрифуги со цел експоненцијално да се зголеми нуклеарното оружје за самоодбрана...“.

Нуклеарните постројки на Северна Кореја не се набљудуваат независно, а домашните фотографии и снимки се доста ретки
Нуклеарните постројки на Северна Кореја не се набљудуваат независно, а домашните фотографии и снимки се доста реткиФотографија: KCNA via REUTERS

Ким го надгледуваше и пробното истрелување на нов ракетен фрлач со повеќе цевки од 600 милиметри, објави КЦНА.

Севернокорејскиот лидер во вторникот изјави дека неговата земја спроведува политика на градење нуклеарни сили со цел експоненцијално да го зголеми бројот на оружје од овој тип.

Во говорот на годишнината од основањето на Северна Кореја во понеделникот, Ким рече дека земјата мора потемелно да ги подготви своите нуклеарни капацитети и да биде подготвена правилно да ги користи во секое време за да ги обезбеди безбедносните права на земјата.