98-годишник кој се борел за нацистите во Втората светска војна и доби две стоечки овации во канадскиот парламент.
Ова се случи за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Подоцна, канадскиот премиер Џастин Трудо го нарече скандалот срамен.
„Очигледно е многу вознемирувачки ова што се случи.
Ова е длабоко засрамувачко за парламентот на Канада и за сите Канаѓани“, рече Трудо.
Спикерот на парламентот Ентони Рота го претстави Јарослав Хунка во парламентот како воен херој кој се борел против Русите во Втората светска војна.
„Тој е Украински херој, Канадски херој и му се заблагодаруваме за службата.“
Еврејските организации подоцна открија дека Хунка се борел во украинска единица која им служела на нацистите. Членови на единицата биле обвинети за убиства на Полски и Еврејски цивили