Како Амнести Интернешнал го налути Киев
5 август 2022Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ја обвини Амнести интернешнал (АИ) за „обид на давање амнестија на терористичката држава“ Русија, откако оваа невладина организација го обвини Киев за загрозување на цивилите во војната со Москва. АЛ „ја префрла одговорноста од агресорот на жртвата“, оцени тој.
Денеска шефот на украинската дипломатија, Димитро Кулеба, рече дека е „огорчен“ поради „неправедните“ обвинувања од оваа невладина организација.
Во извештајот објавен во четвртокот по четиримесечна истрага, АЛ ја обвини украинската војска за воспоставување војни бази во училишта и во болници и започнување напад од населени подрачја, што е тактика за која рече дека го крши меѓународното хуманитарно право.
„Агресијата на нашата држава е неоправдана, инвазивна и терористичка. Ако некој напише извештај во кој жртвата и агресорот на некој начин се изедначуваат, ако се анализираат некои податоци за жртвата, а се занемарат делата на сторителот, тоа е неоправдано и не може да се толерира“, додаде Зеленски во дневната видео изјава.
Кулеба, пак, ја обвини АИ за „создавање лажна рамнотежа меѓу агресорот и жртвата, земја која уништува стотици и илјади цивили, градови, територии и земја која очајнички се брани“.
„Запрете да создавата лажна реалност, во која секој е по малку виновен за нешто и почнете систематски да ја изнесувате вистината за тоа Русија за што всушност се залага денес“, додаде тој.
Амнести интернешнал, меѓутоа, во својот извештај инсистираше на тоа дека украинската тактика „на никаков начин не ги оправдува неселективните руски напади“ кои го погодија цивилното население.