Софија Лепојевиќ веќе пет години изработува украсни јајца со мониста. Во меѓувреме тие не се декорација само за Велигден, туку таа добива нарачки цела година. Украсните јајца на пензионерката од Велес патуваат не само во земјата туку и низ регионот, Америка, а две стигнаа и на гробот на Богородица во Ерусалим.