1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Избори во САД: Харис смета дека Трамп е фашист

СН/агенции
24 октомври 2024

Речиси две недели пред изборите, американската потпретседателка Харис на јавна трибина одговараше на прашања на неопределените гласачи. Уште од самиот почеток, таа остро го нападна својот републикански противкандидат.

https://p.dw.com/p/4mATN
Кандидатката на Демократската партија за претседателка на САД, Камала Харис на јавната трибина пренесувана од телевизијата Си-Ен-Ен
Кандидатката на Демократската партија за претседателка на САД, Камала Харис на јавната трибина пренесувана од телевизијата Си-Ен-ЕнФотографија: Matt Rourke/AP Photo/picture alliance

Американската потпретседателка Камала Харис изјави дека верува оти Доналд Трамп е „фашист“ откако неговиот шеф на кабинет рече дека поранешниот претседател го пофалил Адолф Хитлер додека бил на функцијата.

На јавната трибина која ја водеше, Андерсон Купер од Си-Ен-Ен ја праша Харис дали таа мисли дека Трамп е фашист. „Да, мислам“, рече таа.

Прашањето следеше по забелешките на поранешниот шеф на кабинетот на Трамп, Џон Кели, кој за Њујорк Тајмс изјави дека според него, Трамп „секако одговара на општата дефиниција за фашист, сигурно“. Тој се осврна на описот на фашизмот како екстремно десничарска, авторитарна и ултранационалистичка идеологија која карактеризира диктаторски лидер и потиснување на опозицијата.

Харис рече дека Трамп е „сè повеќе нестабилен“ и „неподобен за функцијата“. Таа изјави дека поранешните вработени и блиски соработници на поранешниот претседател експлицитно изјавиле дека Трамп го презира уставот на САД и дека никогаш повеќе не треба да биде претседател на Соединетите Американски Држави.

Камала Харис и Доналд Трамп: Анкетите укажуваат на „мртва трка“ две недели пред гласањето
Камала Харис и Доналд Трамп: Анкетите укажуваат на „мртва трка“ две недели пред гласањетоФотографија: Carlos Osorio/Evan Vucci/dpa/picture alliance

Кели, рече таа, упати итен „повик до американскиот народ“ со неговите изјави за Трамп, во кои истакна што би можело да се случи доколку се врати во Белата куќа. Луѓето кои можеа да го „запрат Трамп“ повеќе ги нема. „Верувам дека Доналд Трамп е опасност за благосостојбата и безбедноста на Америка“, рече Харис.

Изборната кампања во САД е во завршната фаза, а гласањето ќе се одржи на 5 ноември. Милиони американски граѓани веќе гласаа на предвремено гласање. Харис и Трамп се во мртва трка, покажуваат анкетите.