1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиСоединети Американски Држави

Источниот дел на САД погоден од смртоносни бури

СН/агенции
8 август 2023

Најмалку две лица загинаа во невремето што го зафати источниот дел на САД, илјадници летови беа откажани, а многумина останаа без струја. За милиони беше издадено предупредување од силно невреме вклучително и торнада.

https://p.dw.com/p/4Ut8z
Паднато дрво во налетот на бурата што го погоди американскиот главен град Вашингтон
Паднато дрво во налетот на бурата што го погоди американскиот главен град ВашингтонФотографија: Phillip Baumgart/REUTERS

Дожд, грмежи, град и силни ветришта во понеделникот (7 август, 2023) го погодија речиси целото источно крајбрежје на Соединетите Американски Држави. Најмалку две лица загинаа, илјадници летови беа откажани или одложени, а повеќе од 1,1 милион домаќинства и бизниси останаа без струја вчера во силното невреме.

Бурата се прошири на големо подрачје на истокот на САД, а предупредувања за можно торнадо беа објавени во 10 американски сојузни држави од Тенеси до Њујорк. Националната метеоролошка служба соопшти дека повеќе од 29,5 милиони луѓе биле под предупредување за торнадо вчера попладне.

Торнадо се формира во местото Драјден во сојузната држава Њујорк за време на вчерашното (7 август, 2023) силно невреме
Торнадо се формира во местото Драјден во сојузната држава Њујорк за време на вчерашното (7 август, 2023) силно невремеФотографија: Mandy Qualls/REUTERS

Во Андерсон, Јужна Каролина, 15-годишно момче загинало кога дрво паднало врз него додека излегувало од својот автомобил, соопштија локалните власти.

Во сојузната држава Алабама, 28-годишен маж бил погоден од гром и починал, јави локалната телевизија.

До синоќа откажани се повеќе од 2.600 летови во САД, а речиси 7.900 се одложени. Сојузната управа за авијација соопшти дека ги пренасочува авионите кои се упатиле кон источниот брег на САД за да ги избегнат бурите.

Вакви сцени како во Вашинготн имаше во бројни градови на источниот брег на САД
Вакви сцени како во Вашинготн имаше во бројни градови на источниот брег на САДФотографија: Phillip Baumgart/REUTERS

Од вчера вечер, повеќе од 1,1 милион корисници останаа без струја во сојузните држави Алабама, Џорџија, Јужна Каролина, Северна Каролина, Мериленд, Делавер, Њу Џерси, Пенсилванија, Тенеси, Западна Вирџинија и Вирџинија, сите сојузни држави погодени од невремето. Во многу сојузни држави урнати се дрвја и далноводи, јавуваат медиумите.

Според експертите од Светскиот совет за климата, екстремните временски појави, како топлотни бранови, суши, бури или обилни врнежи, зачестуваат со засилен интензитет како резултат на климатските промени.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема