Почина Тото Кутуњо
22 август 2023Реклама
Кутуњо се здоби со светска слава по победата на Песна на Евровизија во 1990 година со нумерата „Инсјеме: 1992“ која го доловуваше духот на новото време во Европа по падот на Железната завеса.
На Евровизија учествуваше и во 1983 година, кога со песната „Л' Италијано“ го освои петтото место, но неговиот хит стана познат ширум светот.
Кутуњо е роден на 7 јули 1943 година во Фоздиново, во регионот на Тоскана. Во кариерата вкупно 15 пати учествуваше на познатиот музички фестивал Сан Ремо. Успеа да победи на фестивалот во 1980 година со нумерата „Соло нои“.