1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФудбалГлобално

Триумфот на Мундијалот го издигна Меси на самиот врв

Марк Медоус
Марк Медоус
19 декември 2022

Меси, ѕвездата на Аргентина, заслужува да биде оквалификуван како најдобриот машки фудбалер на сите времиња, не само поради освоените трофеи, туку и поради начинот на кој игра, пишува за ДВ Марк Мидовс од Катар.

https://p.dw.com/p/4L9DH
Аргентинецот Лионел Меси, фудбалско првенство во Катар 2022
Аргентинецот Лионел Меси, фудбалско првенство во Катар 2022Фотографија: CARL RECINE/REUTERS

Успеа. Конечно. Последните големи почести му следуваат на Лионел Меси со тоа што Аргентина го освои Светското првенство, откако се чинеше дека речиси ја изгубија шансата за победа. Настрана од титулата светски првак, Меси сега легитимно може да се нарече и  најдобар машки фудбалер на сите времиња.

Точно е дека Бразилецот Пеле освои три светски првенства - подвиг што никој друг до сега не го повторил, но фудбалот во 1958, 1962 и 1970 година беше многу поразличен од денес.  Меси игра во многу понапорна ера,  со многу поголем број натпревари и посилен притисок. 

Тој постојано блескаше низ својата кариера и придонесе за 4 титули прваци во Лигата на шампиони и 10 титули како прваци на шпанската лига во редовите на Барселона, како и за освојување на Копа Америка со аргентинската репрезентација минатата година. Тој лично рекордни седум пати ја освои Златната топка. 

Пеле речиси цела кариера ја помина во Сантос пред да одигра краток период и во Њујорк Космос. Меси пак докажа дека може да победува и надвор од неговата комфорна зона во Барселона, помагајќи им на фудбалерите на Пари Сен Жермен минатата година да станат прваци во француската лига.

Магија во неговите стапала

Но, не е сѐ во трофеите што ги освоил, многу повеќе е во начинот на кој ја игра играта, што придонесува сега кога стана и светски првак, да биде најдобриот меѓу најдобрите. 

Милиони деца ширум светот  фудбалот го засакаа токму поради Меси. Малечок, срамежлив човек со магија во нозете. 

Детето од Росарио  може да е било кој од неговите фанови, човек кој со цело срце и душа го сака и живее фудбалот.

Многу поддржувачи на Аргентина во Катар всушност беа работници мигранти од Индија и Бангладеш. Сите тие го сакаат Меси, па фановите на Аргентина на ова првенство беа побројни од било кои други. 

Во финалето против Франција тој многу рано ја интонираше играта за еден летечки старт на Аргентина, со прецизни пасови и предизвикувачки дриблинзи. Тој студено го изведе пеналот постигнувајќи го првиот гол и имаше удел и во прекрасниот втор гол на Ангел Ди Марија, еден од најубавите во историјата на финалињата од светските купови. Францускиот тим, заслабнат од вирус во нивните редови, беше изгубен на теренот и чудесно преку два брзи гола од Килијан Мбапе успеа да изедначи. Но, Меси, херојот на Аргентина, се поврати во продолженијата за 3:2. Тоа беше еден од повалканите голови во неговата кариера, но што му е грижа. 

Марк Медоус
Марк Медоус

Меси ја промаши титулата Златна копачка, бидејќи Мбапе успеа да постигне и трет гол, со што двете репрезентации завршија на пенали. Ни тоа не допре до Меси, кој пак се закити со титулата најдобар играч на Мундијалот.

Но, тоа што е побитно по поразот од Германија во продолженијата во 2014 година, е дека сега е светски шампион - дури и по загубениот меч против Саудиска Арабија на самиот старт на првенството. 

Тој имаше храброст прв да шутира на пеналите и постигна гол, за разлика од Бразилецот Нејмар кој беше последен за шутирање и не ни дочека да дојде на ред против Хрватска кога Бразилците беа исфрлени во четвртфиналето.

Меси исто така е пример на кој може да се угледаат другите. Настрана од проблемот со шпанските даночни власти, скандал не е збор кој може да го асоцирате со 35-годишниот Меси. Само направете споредба со претходната аргентинска ѕвезда, Диего Марадона. 

Понизен и љубезен 

Дури и да речеме дека Марадона играл подобро фудбал од Меси, ако тоа воопшто може да се каже, сепак поради забраната за користење дрога, измамата со „Божјата рака” и обвинувањата за вмешаност во италијански криминални банди, за него не може да се зборува како за најдобриот играч. Секако дека Аргентина немаше без него да победи на Светското првенство во 1986 година, но истото може да се каже и за Меси во 2022 година и третата титула за неговата нација. 

Јужна Америка 20 години беше сведок на европската доминација. Меси помогна да се сопре враќањето на трофејот во Франција.

Ќе има и такви што и покрај ова ќе мислат дека Кристијано Роналдо е најдобар играч на сите времиња. Но, во неговите титули недостига светски првак. Исто така мора да се потсетиме и на  заминувањето на Меси од Барселона  - со солзи, понизност, љубезност - и како изгледаа заминувањата на Роналдо од Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус - самобендисан, арогантен, себичен. Триумфот на  Светското првенство во Катар во неговиот последен настап на еден Мундијал го издигна Меси на самиот врв на фудбалскиот Олимп!