1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамГерманија

Германија: Mалолетници осомничени за планирање напад

ЕМФ / дпа
12 април 2024

Четири малолетни лица од германските покраини Северна Рајна-Вестфалија и Баден Виртемберг се уапсени поради сомневање за планирање терористички напад.

https://p.dw.com/p/4ehkx
Mинистерот за внатрешни работи на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Херберт Ројл
Mинистерот за внатрешни работи на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Херберт РојлФотографија: Political-Moments/IMAGO

Две момчиња и две девојчиња на возраст од 15 и 16 години се уапсени поради соменвања дека планирале исламистички терористички напад.

Mинистерот за внатрешни работи на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Херберт Ројл, соопшти дека плановите на малолетниците биле пресретнати „брзо“. Од првичните сознанија на безбедносните служби до апсењето минаа само пет дена, изјави денеска (12.04) Ројл. „Успешно е спречено да се случи полошо“, рече тој.

Појдовна точка на истрагата се осомничените планови за патување во странство на 16-годишна девојка од градот Изерлон, која сакала да ѝ се приклучи на Исламска држава. Таа била во контакт со 15-годишна Германка со мароканско потекло од Диселдорф. Преку проверка на чет-групи, иследниците стигнале до повеќе лица, меѓу кои и 15-годишник од Липштат и 16-годишник од Остфилдерн.

Момчето од Липштат се чини било „покренувачка сила“ за плановите за напад, изјави мниистерот Ројл со задршки. Во чет-групите се разговарало за планови за напад. Прво станувало збор за Хаген, потоа за Диселдорф, Дортмунд или Келн, како и христијански објекти и синангоги во Изерлон. 

Ројл изрази вџашеност што мора повторно да информира за радикализирани деца и млади кои сакаат да ѝ се приклучат на Исламска држава. Може да се претпостави дека за нивна радикализација улога одиграл интернетот, изјави тој.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема