КатастрофиТурција
6 февруари 2023
Реклама
Најмалку 912 луѓе загинаа, а повеќе од 5.000 се повредени во земјотресот со јачина од 7.8 степени кој ја погоди централна Турција во понеделникот, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган. Ердоган рече дека тоа е најголемата катастрофа која ја погодила неговата земја од 1939 година, додавајќи дека во потресот се уништени 2.818 згради и објекти.