1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зимско патување низ времето

СН/дв
19 јануари 2024

Зимската бура Гертруд донесе многу снег во Германија - предизвикувајќи многу проблеми, но и радост и идилични моменти како овој во Националниот парк Харц во северна Германија.

https://p.dw.com/p/4bRNu
BdTD Deutschland | Brockenbahn
Фотографија: Matthias Schrader/AP Photo/picture alliance

Како зимска разгледница од минатото: Планинскиот венец  Харц е една од најпопуларните дестинации за излети во Германија. Една од причините е историската железница Брокен. Патувањето со возот со парна локомотива низ недопрената природа се незаборавна авантура за туристите. Дури и актуелното остро зимско време не го спречува возот да ита кон највисокиот планински врв во  северниот дел на Германија - Брокен. Од овој врв во планининскиот венец Харц висок 1.141 метар има фасцинантен поглед на околниот национален парк.