1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаСоединети Американски Држави

Заробени во кал

СН/агенции
4 септември 2023

Всушност, за викендот требаше да гори огромна дрвена статуа - главниот ритуал на култниот фестивал „Брнинг Мен“. Наместо тоа, посетителите градеа мали скулптури од кал. Поројниот дожд предизвика хаос на фестивалот.

https://p.dw.com/p/4VuTO
Nevada Burning Man Festival 2023
Фотографија: Trevor Hughes/USA TODAY/IMAGO

Повеќе од 70.000 луѓе и натаму се заглавени во пустината во американската сојузна држава Невада: на фестивалот „Брнинг Мен“, обилните врнежи предизвикаа областа на која се одржува фестивалот моментално да биде херметички затворена. Никој не може да влезе, никој не може да замине. Масите вода го претворија пустинскиот песок во цврста, тешка маса слична на глина. Засегнатите се заглавени во кал до глуждови. Нивните возила неможат да се движат. Заробените беа замолени паметно да ги користат залихите со вода и храна. Блискиот аеродром беше затворен поради поплавите. Локалната временска прогноза предвидува нови врнежи од дожд.

„Брнинг мен“ (Burning Man) е годишен уметнички фестивал кој кулминира со ритуалното палење на огромна статуа . Фестивалот започна во Сан Франциско во 1986 година а од 1990-те се одржува во пустината Блек Рок во северозападна Невада. Секоја година се гради цел град за фестивалот. „Брниг Мен“ започна како фестивал за боемски и авангардни уметници, но во меѓувреме привлекува многу поширока публика, вклучително и богати технолошки директори од Силиконската долина. Со речиси 80.000 учесници, 2019 година беше најуспешната година за фестивалот досега.