ПанорамаСоединети Американски Држави
Вила на раб на карпи
16 февруари 2024Реклама
Овој луксузен објект во Дејна Поинт, Калифорнија, е веројатно најпознатата жртва на невремињата што го зафатија тој регион од САД. Големите водени маси предизвикаа лизгање на земјиштето, што ја приближи вилата малку повеќе до работ на карпите.
Властите во меѓувреме смируваат дека објектот не е во непосредна опасност од паѓање во океанот, но сепак им препорачуваат на сопствениците да ангажираат вештак.