1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Среќна Нова година

1 јануари 2024

По неколку години пауза, Новата година во Берлин повторно е дочекана со огномет.

https://p.dw.com/p/4al2q
Огномет во Берлин
Огномет кај Бранденбуршката порта во БерлинФотографија: Annegret Hilse/REUTERS

На традиционалната новогодишна прослава на отворено дојдоа илјадници луѓе. Според организаторите на забавата на отворено во главниот град на Германија, продадени биле 45.000 билети, а на просторот предвиден за прославата биле пуштени околу 65.000 луѓе.

Во Берлин, како и во други места во земјата, имаше строги безбедносни контроли. Големи безредија немаше, но полицијата јави дека и во оваа новогодишна ноќ имало напади врз полициски службеници и припадници на службите за спасување.