1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаСоединети Американски Држави

Снежна забава околу оган

СН/дв
9 декември 2023

Време е со фестивал да му се оддаде почит на нордискиот зимски бог Улр. Се вели дека тој гарантира снег дури и во далечните земји.

https://p.dw.com/p/4Zxrh
BdTD | USA
Фотографија: JASON CONNOLLY/AFP/Getty Images

Според нордиската митологија моќниот бог Улр е гарант на зимата и на снегот. Така тој стана и божество на скијачите. Тој е почитуван далеку од дома веќе 60 години: во 1963 година, првиот фестивал во чест на Улр се одржа во Брекенриџ, во Карпестите Планини во американската сојузна држава Колорадо. Традицијата е покрената од норвешки инструктори за скијање во Колорадо. Молитвите за снег луѓето сега ги комбинираат со голема забава.