ПанорамаСоединети Американски Држави
Расцутениот Вашингтон
22 март 2023Реклама
Расцутените црешови дрва создаваат навистина посебна атмосфера во седиштето на американската влада на источниот брег на САД. До средината на април во Вашингтон се одржува фестивалот на цутењето на црешата. Притоа се слават приближно 3.000 црешови дрва кои американската престолнина ги доби како подарок од Токио во 1912 година. Зенитот на фестивалот е јапонскиот уличен фестивал Мацури, посветен во целост на Јапонија.