1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Природа и животна срединаСоединети Американски Држави

Пустината врие

СН/дв
12 јуни 2024

Никогаш досега во југозападниот дел на САД не биле измерени толку високи температури толку рано во годината. Во некои држави има предупредувања од горештини, а пријавени се и шумски пожари.

https://p.dw.com/p/4gwDJ
USA Hitzewelle Wetter
Фотографија: Tayfun Coskun/Andalou/picture alliance

Во Долината на смртта во пустината Мохаве во Калифорнија, најсувото место во САД, температурите достигнаа дури 50 Целзиусови степени - нов рекорд во Националниот парк во Долината на смртта, каде претходна највисока температура од 49,4 Целзиусови степени беше измерена во 1996 година.

Со температури над 40 степени, првиот топлотен бран во петокот цврсто го зафати југозападниот дел на САД. Никогаш досега не биле измерени толку високи вредности. Посебно се погодени сојузните држави Невада, Калифорнија, Аризона, Ново Мексико и Тексас.

Според податоците на метеоролошките експерти, причина за топлотниот бран е подрачјето со висок притисок над Мексико.