1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Првомајски демонстрации во Германија – главно мирни

2 мај 2024

Првомајските демонстрации на левите и лево-радикалните групи во Хамбург и Берлин протекоа главно мирно. Во Штутгарт (на фотографијата) полицијата го прекина митингот откако учесниците ги нападнале полицајците.

https://p.dw.com/p/4fPXq
Германија Штутгарт 1 мај
Во Штутгарт (на фотографијата) полицијата го прекина митингот по повод 1 мај откако учесниците ги нападнале полицајцитеФотографија: Christoph Schmidt/dpa/picture alliance

Повеќе од 20.000 луѓе на 1 мај учествуваа на левичарските и левичарско-радикалните демонстрации, првенствено во Берлин и Хамбург. Полицијата беше присутна во засилен број за да спречи можни нереди во текот на ноќта. Во текот на денот инаку се одржаа традиционалните демонстрации на синдикатите, со барање за поголема социјална праведност, на кои речиси немаше никакви инциденти.