1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предизборен молк во Србија

16 декември 2023

„По гласање, нема каење“ - овој плакат во Белград повикува на гласање на утрешните избори во државата.

https://p.dw.com/p/4aEus
Предизборен плакат во Белград, Србија
Предизборен плакат во Белград, СрбијаФотографија: I. Petrović/DW

Во Србија денеска (16.12) на сила е предизборен молк, кој ќе трае до утре, до 20 часот, кога ќе бидат затворени избирачките места.

Граѓаните на вонредните парламентарни избори ќе избираат 250 пратеници во Собранието на Србија, а покрај парламентарните ќе гласаат и на покраински избори во Војводина, како и на локални избори во 65 градови и општини, меѓу кои и Белград. Републичката изборна комисија претходно соопшти дека вкупниот број на гласачи во Србија за парламентарните избори на 17 декември е 6,5 милиони, а ќе се гласа на над 8 илјади избирачки места.

На збирната листа за парламентарните избори се наоѓаат 18 листи, со вкупно 2.818 кандидати за пратеници.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема