1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиИталија

Повеќе жртви и милијарди штети во поплавите во Италија

20 мај 2023

Луѓето во италијанскиот регион Емилија Ромања, погоден од поплавите, и натаму се борат со водата и калта, потврдени се над десет жртви.

https://p.dw.com/p/4RbKq
Поплави во Италија, регион Емилија Ромања
Поплави во Италија, регион Емилија РомањаФотографија: Claudia Greco/REUTERS

Во регионот кон најмногу настрада од поплавите во Италија, Емилија Ромања, има најмалку 14 загинати луѓе, илјадници останаа без покрив над главата, се вршат евакуации, а новиот дожд на многумина им буди страв. Поплавите се предизвикани од обилните дождови кои паѓаа оваа недела, за само два дена, во средата и четвртокот наврнаа количини кои инаку се вообичаени за половина година. Поради долгата претходна суша, почвата не можела да впие толкави количини вода.