1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полна, црвена Месечина во јули

5 јули 2023

Овие јулски денови Месечината изгледа посебно голема, глетка која секогаш ги фасцинира луѓето, ако нема облаци, како овде во Истанбул.

https://p.dw.com/p/4TQg2
Полна Месечина во Истанбул, Турција
Полна Месечина во ИстанбулФотографија: Berk Ozkan/AA/picture alliance

Над истанбулската Света Софија и Сулејмановата џамија, Месечината свети во полн сјај. Таа во релација кон Сонцето се наоѓа токму зад Земјата. Тоа што изгледа толку голема, се должи на оддалеченоста што на почетокот на овој јули 2023 година ја има од Земјата - 360.149 километри. Јулската супермесечина, една од четирите т.н. супермесечини, се нарекува уште и Еленска, Месечина на сеното или Месечина на громовите.