1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Почит за Розалин Картер

20 ноември 2023

Ројс Собл од Атланта седи покрај базенот во центарот „Картер“ по смртта на поранешната прва дама на САД, Розалин Картер.

https://p.dw.com/p/4Z9yG
Ројс Собл од Атланта седи покрај базенот во центарот „Картер“ по смртта на Розалин Картер
Ројс Собл од Атланта седи покрај базенот во центарот „Картер“ по смртта на Розалин КартерФотографија: Brynn Anderson/AP Photo/picture alliance

„Сакав само да седам овде и да споделам момент на мир и да изразам почит кон семејството“, вели Ројс Собл, додека седи покрај базенот во центарот „Картер“ во Атланта.

Поранешната прва дама на САД, Розалин Картер, почина на 96-годишна возраст. Нејзиниот сопруг Џими Картер ја опишува како „рамноправен партнер“ - таа веќе беше политички активна за време на неговиот мандат. „Додека Розалин беше жива, секогаш знаев дека некој ме сака и поддржува“, ги цитира зборовите на поранешниот претседател фондацијата основана од брачната двојка Картер.

Розалин и Џими Картер се венчаа во 1946 година - двојката има четири деца. Поранешната прва дама се залагаше за решавање на социјални прашања и напиша неколку книги. Се вели дека таа имала значително влијание врз политиката во Белата куќа за време на претседателствувањето на нејзиниот сопруг. Таа учествуваше на состаноци на владата и коментираше политички чувствителни прашања.

Во мај беше објавено дека Розалин има деменција. Пред неколку дена беше соопштено дека таа добива палијативна нега дома. Џими Картер од февруари годинава исто така добива палијативна нега. Демократскиот политичар беше претседател на САД од 1977 до 1981 година. Тој е најстариот сѐ уште жив поранешен претседател.