ПанорамаСоединети Американски Држави
Мраз и студ
2 февруари 2023Реклама
Мразот и студот им задаваат големи главоболки на жителите на американската сојузна држава Тексас. Поради ниски температури и мраз стотици илјади домаќинства останаа без струја на температури околу нулата, а откажани се и илјадници летови. Компанијата Остин Енерџи соопшти дека не може да се каже кога снабдувањето со струја повторно ќе биде воспоставено, поради тоа што нивните екипи се соочени со мраз на патиштата и замрзната опрема.
Метеоролозите предупредуваат да се биде внимателен. Се препорачува да се избегнува возење поради замрзнатите патишта. Училиштата денеска се затворени во повеќе големи градови, како Далас, Остин, Мемфис и Тенеси.