1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мирис на божиќни колачи среде лето

16 август 2024

Летото е во полн ек, а во пекарница во Анаберг-Бухолц во Саксонија веќе сега се мисли на Божик и се печат божиќни колачи.

https://p.dw.com/p/4jX7F
Штолен, Анаберг-Бухолц, Саксонија
Во пекарница во Анаберг-Бухолц во Саксонија се печат првите божиќни колачи за оваа година Фотографија: Hendrik Schmidt/dpa/picture alliance

Предбожиќно време во Анаберг-Бухолц: една пекарница уште сега го полни својот склад за идната сезона. Антје Шмидел-Виртел ги испече првите илјада традиционални божиќни колачи – штолен. До Божиќ, до кога што остануваат околу 130 дена, пекарницата планира да произведе 200 тони од популарните колачи. Штолен е баран не само во Саксонија, туку низ цел свет.