Ледено божикно капење
26 декември 2022Реклама
Традиционалното божикно капење на првиот празничен ден го организираше здружението „Берлински фоки“. Облечени претежно во црвени костими за капење, и со црвени капчиња на главите членовите на здружението се капеа во езерото Оранке, кое во најголем дел сѐ уште беше прекриено со тенок слој од мраз. Капење на првиот божикен ден е традиција не само меѓу „Берлинските фоки“. И во германската покраина Бранденбург луѓето се среќаваат на Божик на заедничко капење во езерата. Во Германија и ширум светот денеска се прославува вториот ден од Божик според Грегоријанскиот календар. Честит празник!