1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Природа и животна срединаСоединети Американски Држави

Ладовина во Тексас

29 јуни 2023

Во Хјустон, во Тексас деновите се врели и Тони спас од жештината бара под шатор.Тони нема куќа, целиот негов имот го собира во ладовината под тој шатор.

https://p.dw.com/p/4TCGn
Хјустон, Тексас Жежок бран
Бескуќникот Тони од Хјустон, Тексас, целиот негов имот го собира во ладовинатаФотографија: Go Nakamura/REUTERS

Во Тексас моментално владее неподнослива, рекордна горештина, чиј крај не е на повидок, метеоролозите прогнозираат дека топлотниот бран ќе се задржи најмалку една недела, а потоа ќе се прошири на соседните сојузни држави. Во пристанишниот град Корпус Кристи температурата се искачила на 52 степени Целзиусови, а најмногу страдаат сиромашните и луѓето на маргините на општеството.