1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови праваСоединети Американски Држави

Кој ќе ми подаде рака?

СН/агенции
13 мај 2023

Многу потресни сцени се случуваат секојдневно на границата меѓу Мексико и САД. Бегалците кои стигнале до граничната област се надеваат дека ќе влезат во САД - но главно нивното патешествие завршува со разочарување.

https://p.dw.com/p/4RIZm
BdTD | USA | Migration an der Grenze zu Mexiko
Фотографија: Mike Blake/REUTERS

За многу луѓе од земјите од Јужна и Латинска Америка, САД се ветената земја. Овие луѓе се упатуваат кон САД во надеж дека ќе најдат работа, пари, просперитет. Но ретко кој поминува преку граница. Дури и фактот дека таканаречената регулатива „Член 42“, која ја спречуваше миграцијата, сега е укината, се чини дека не менува многу. За овие луѓе овде речиси и да нема на повидок пружена рака за помош.