Клун од 3Д печатач
22 ноември 2024Реклама
Во зоолошката градина во Софија, на повредениот бел штрк му е дадена втора шанса да преживее благодарение на 3Д отпечатениот протетски клун. Во Бугарија белите штркови се сметаат за симбол на среќа и на нови почетоци - нивната заштита има традиција. Но, губењето на живеалиштата, далноводите и несреќите го загрозуваат нивното постоење. Благодарение на невладината организација Зелен Балкан и модерната технологија, овој штрк повторно може самостално да се храни.