ФудбалМексико
Фудбал на вулкански кратер
11 јули 2023Реклама
Необично место за фудбалски натпревар. Ова уникатно фудбалско игралиште се наоѓа на кратерот на вулканот Теока во градот Санта Сесилија Тепетлапа, на периферијата на Мексико Сити. Вулкански кратер не е вообичаено место за фудбалски меч, но овде судиите секој викенд свират почеток и крај на возбудливи аматерски фудбалски натпревари.
Неактивниот вулкан Теока се издига на околу 2.700 метри надморска височина во областа Хочимилко, на југоистокот од мексиканската престолнина. Околу 10 екипи кои припаѓаат на аматерска лига играат во неговиот кратер за време на викендите.