КатастрофиТурција
Дневна соба во уништено турско село
21 февруари 2023Реклама
Селото Демиркопру е поделено со огромна пукнатина настаната како последица на земјотресите.
Југоистокот на Турција вчера (20.02) повторно бешепогоден од два земјотресисо јачина од 6,4 и 5,8 степени. Епицентарот бил во провинцијата Хатај, а земјотресите се почувствуваа и во северна Сирија и Либан.
Според турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, во новите земјотреси загинале најмалку три лица. Министерот за здравство на Турција, Фехретин Коџа, на Твитер напиша дека се повредени 294 луѓе, од кои 18 тешко. Повредени има и во Сирија. Според Сириската опсерваторија за човекови права, бројот на повредени е 470, а најголемиот дел од нив се од регионот на Алепо.