1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Балкан и делови од Источна Европа под снег

27 ноември 2023

Невообичаено интензивни врнежи од снег предизвикаа хаос во повеќе балкански земји и делови од Источна Европа на викендот.

https://p.dw.com/p/4ZTQ1
Зимско невреме во Исперих, Бугарија
Зимско невреме во Исперих, БугаријаФотографија: Mehmed Aziz/AP/dpa/picture alliance

Поради интензивни врнежи од снег и снежни намети, во четири региони во Бугарија е прогласена вонредна состојба, особено е погоден северниот дел од земјата, без струја се околу 1000 населби. Повеќе патишта се непроодни, а авионскиот сообраќај во Софија и Варна се одвива со тешкотии. Студот и снегот однесле и три жртви – еден бездомник замрзнал, а две лица загинале во сообраќајка.

Снежни бури го зафатија и брегот на Црното Море во Украина, во пристанишниот град Одеса е блокиран сообраќајот, а училиштата од денеска работат онлајн.

Во Романија како последица на зимското невреме без електрична енергија со часови останале близу 400 населби, а пристаништето Констанца, од каде се врши извоз на украинското жито, е блокирано.

Една жртва од зимското невреме има и во Молдавија - поради замрзнат коловоз, 40-годишен човек излетал од патот со возилото и удрил во дрво, по што загинал. Властите во Молдавија издадоа предупредување до граѓаните да не тргнуваат на пат доколку немаат итна потреба.