Бајден помилува мисирки за Денот на благодарноста
21 ноември 2023Церемонијата на помилување на мисирките се одржа во Белата куќа, пред членовите на кабинетот на Џо Бајден, децата на неговите соработници, ученици од околината и други гости.
Мисирките Либерти (на фотографијата) и Бел се одгледани на фарма во Минесота. Тие патувале со воза 20 часа за да стигнат во Вашингтон и биле сместени во луксузниот хотел Вилард ИнтерКонтинентал. „Се пријавија, отидоа во собите, видоа што може да се прави во градот, се искапија и, како што слушнав, зеле и нешто од минибарот“, изјави на прес-конференција Маркус Плацер од управата на хотелот. Мисирките по церемонијата се враќаат дома, односно ќе го поминат остатокот од животот во Колеџот за храна, земјоделство и природни ресурси на Универзитетот Минесота.
Се смета дека мисирки се помилувале уште во времето на владата на Абрахам Линколн. Легендата вели дека синот на Линколн го замолил татка си да не се коле мисирката која што требало да се најде на нивната трпеза за Денот на благодарноста. Првото документирано помилување на мисирки датира од 1963 година, од времето на претседателот Џон Кенеди. Сепак, церемонијата станува стандарден дел од предбожиќниот период во Белата куќа дури во времето на Џорџ Буш.