1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исвиркувањето на бугарската химна ќе го чини ФФМ 10.000 евра

ДТЗ
31 октомври 2022

УЕФА го казни и Бугарскиот фудбалски сојуз со предупредување поради однесувањето на бугарскиот тим на теренот, јасно повикувајќи се на расправиите меѓу играчите на крајот од натпреварот.

https://p.dw.com/p/4IsRA
навивачи
ФФМ казнет за исвиркување на бугарската химнаФотографија: Robert Ghement/AP Photo/picture alliance

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе треба да плати казна од вкупно 14.500 евра поради инцидентите на натпреварот со Бугарија од мечот во Лигата на нации. Европската фудбалска централа изрече казна од 10.000 евра за исвиркувањето на химната и 4.500 евра за фрлање на предмети на теренот. Ваквата одлука на Дисциплинската комисија на УЕФА е донесена по мечот кој се одигра на 26 септември на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, кога беше исвиркана бугарската химна.

Дефанзивецот на Република Северна Македонија, Тодор Тодоровски, кој беше исклучен со црвен картон, е казнет со еден натпревар неиграње. 

УЕФА го казни и Бугарскиот фудбалски сојуз со предупредување поради однесувањето на бугарскиот тим на теренот, јасно повикувајќи се на расправиите меѓу играчите на крајот од натпреварот.

Исвиркувањето на бугарската химна и предметите кои што „полетаа“ кон теренот предизвикаа редица реакции и во Скопје и во Софија.  

Бугарското Министерство за надворешни работи порача дека говорот на омраза против Бугарија и Бугарите од трибините на националниот стадион во Скопје e недвосмислено негирање на основните вредности на современите демократски општества и е во спротивност со европските принципи и норми на однесување. Реагираше и македонското МНР, кое го осуди говорот на омраза на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Република Северна Македонија и Бугарија.

„Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла“, оцени македонското МНР.