ФБИ застрела човек откако му се заканувал на Бајден
10 август 2023Пред посетата на претседателот Џо Бајден на американската сојузна држава Јута, агенти на ФБИ застрелаа вооружен маж кој наводно се заканувал дека ќе го убие претседателот на САД. Специјалните агенти во средата наутро по локално време (9.08) се обиделе да му врачат налог за апсење на човекот од Прово, јужно од Солт Лејк Сити, кога дошло до пукање, соопшти федералната полиција.
Осомничениот во понеделникот на интернет напишал дека слушнал оти Бајден доаѓа во Јута и дека сега сака да почне да ја „брише прашината“ од својата снајперска пушка М24. Според судски документи, тоа не била негова прва закана кон Бајден. Тој им се заканувал и на потпретседателката Камала Харис и други државни функционери.
Американскиот претседател Бајден денеска треба да ја посети болницата за ветерани во Солт Лејк Сити. Таму тој треба да зборува за ПАЦТ-законот, со кој се прошируваат услугите за ветераните. Тој, исто така, планира акција на собирање средства за неговата кампања за реизбор во 2024 година.