1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФудбалГерманија

ЕУРО 2022: Пресвртница за женскиот фудбал

McKenna - Klein Nicholas Kommentarbild App
Николас Меккена-Клајн
1 август 2022

Европското фудбалско првенство 2022 до темел ќе го промени женскиот фудбал. Беше и време за тоа, смета Николас Меккена-Клајн.

https://p.dw.com/p/4ExOb
Фудбалските репрезентативки на Англија со пехорот на ЕУРО 2022
Фудбалските репрезентативки на Англија со пехорот на ЕУРО 2022Фотографија: Peter Cziborra/REUTERS

Како и кај секој меѓународен женски фудбалски турнир, и интересот за ЕУРО 2022 на почетокот не беше претерано голем. Да не се сфати погрешно: владееше значително поголем интерес од порано, но не беше ништо во споредба со големите турнири во машка конкурениција. Но, можеби и беше добро што беше така. Зошто? Затоа што ЕП во фудбал за жени на почетокот беше „под радарот“ - и одеднаш ги турна сите на колена.

За луѓето кои редовно следат „женски фудбал“, како што се нарекуваше до овој турнир, веројатно за да се „огради“ од фудбалот (машкиот), тоа и не беше изненадување. Но, за оние кои не го следат, тоа беше изненадување. Многу гледачи, читатели, слушатели сигурно останаа без текст кога го видоа квалитетот на овој фудбал. И добро што е така!

Поп-ѕвезда. Лавици. Примери.

Овој турнир и фудбалерките кои го обележаа, на навивачите им понудија многу возбуди, тоа беше емоционален тобоган. Без разлика дали се работи за англиските „Лавици“ кои со брзиот стил на игра забиваа гол по гол и ги импресионираа дури и најнеутралните навивачи. Или за германската голгетерка Александра Поп, која со 31 година и по бројни повреди и судбински удари, дебитираше на ЕП. Поп „заби“ гол во секој натпревар во кој настапи - сѐ до финалето кое на трагичен начин мораше да го пропушти - и да гледа како Англија ја освојува титулата континентален првак.

Мојот татко, Германец, во 70-години од животот, човек кој во својот живот видел повеќе успеси на машката фудбалска репрезентација, ми испрати смс-порака откако Поп го постигна вториот гол во мечот против Франција. Напиша: „Не се сеќавам кога последен пат така сум прославил некој германски гол. Таа е фантастична! Сите се фантастични!“.

Николас Меккена-Клајн, автор на коментарот
Николас Меккена-Клајн, автор на коментарот

Тоа е само една од приказните кои се одиграа за време на овој турнир, ЕУРО 2022 ги освои срцата на гледачите. А кога фудбалерките ќе успеат да „натераат“ дури и еден пензионер со слаби колена и укочени рамена да прослави голови на начин на кој тоа не го сториле веќе со години, тогаш тие и тоа како можат да бидат инспирација за децата и за младите кои ги гледаат, кои со нив се грижат, со нив се радуваат.

Да не се зачудите ако накоро видите деца како играат фудбал и кога на нивните дресови веќе нема да бидат имињата на Меси, Роналдо или Нојер - туку Поп, Мад или фан Домселар.

Квоти и плати

ЕУРО 2022 помина во знакот на огромен пораст на бројот на гледачи, и тоа не само на стадионите, каде се забележани нови рекорди - туку и на телевизија. Над 12 милиони луѓе го следеа преносот на германското полуфинале со Франција во полуфиналето - пазарен удел од 47 отсто! Прилично неверојатно.

Финалниот меч против Англија го следеа дури 17,9 милиони луѓе (64,8%) во Германија. Тоа е нов рекорд. И тоа покрај фактот што истовремено се играа натпревари за Германскиот куп - во машка конкуренција. Поради Светското првенство во Катар, машката сезона започна порано од обично.

Следен чекор е женскиот фудбал овој успех да го капитализира. Да се случат некои темелни и фундаментални промени. „Ние сакаме исти шанси, сакаме подобри стадиони, сакаме повеќе гледачи, сакаме повеќе време на ТВ, подобри термини за почеток на натореварите“, работите се јасни за германската селекторка Мартина Вос-Текленбург. Но мора да се позабават и со други прашања, како што се инфраструктурата или  условите во кои се тренира. Или висината на платите.

Како натаму

Секогаш ќе има луѓе кои, поради кои било причини, ќе бидат против женскиот фудбал, и нема да го променат своето мислење. Тоа е навистина штета, бидејќи тие пропуштаат многу работи: висока доза на енергија, многу акција, неповратни емоции.

Ова е пресврт за женскиот фудбал. Националната сезона во Германија почнува за еден месец, потоа следи и Лигата на шампиони, а сезоната ќе биде завршена со Светското првенство 2023. Во Австралија и во Нов Зеланд. И да бидам искрен: едвај чекам да почне!