1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаРусија

ЕК: Повеќето странски фирми и натаму работат во Русија

ЕМФ | дпа | Тагесшау
22 септември 2023

Голем дел од странските инвеститори во Русија и натаму водат бизнис во таа земја, покажуваат новите податоци на Европската комисија.

https://p.dw.com/p/4WgGs
Москва Русија
Москва (архивска фотографија)Фотографија: Peter Seyfferth/imageBroker/picture alliance

И покрај војната во Украина, повеќето странски фирми и натаму работат во Русија, покажуваат податоците наЕвропската комисија. Само 40% од интернационалните фири одлучиле да ја напуштат Русијаили тоа веќе го спровеле, се вели во одговорот на Европската комисија на прашање на европратеникот Мориц Кернер (ФДП). Комисијата во својот одговор се потпира на податоците на Јејл менаџмент скул и украинскиот институт КСЕ.

216 фирми на „листата на срамот“

Според податоците со кои се располага, германските компании Штада и Фрезениус сѐ уште се активни во Русија. Фармацевтската компанија и здравствената групација во минатото ова го оправдуваа со медицинска нега на локалното население. „Секоја европска компанија која продолжува да остварува профит во Русија, со даноците за руската држава директно ја поддржува воената машинерија на Путин“, изјави Кернер.

Само данокот на добивка на 262-те германски компании во Русија минатата година изнесуваше 402 милиони долари. Политичарот на ФДП побара ЕУ да го заостри режимот на санкции. „Останувањето на европските компании на рускиот пазар мора да се претвори во економска загуба. ЕУ ќе продолжи да ѝ дава на Украина одлучна политичка, финансиска, хуманитарна и воена поддршка против руската брутална агресивна војна“, соопшти Комисијата на ЕУ.

Реномираниот универзитет Јејл води таканаречена „Листа на срамот“, која исто така покажува голем број компании кои продолжуваат да работат во Русија како и пред инвазијата и остваруваат профит од милијарди евра. 216 концерни се наведени во соодветната категорија Ф. Покрај бројните кинески компании, авиокомпании и големата италијанска банка УниКредит, тука спаѓаат и други германски компании - како што се производителот на земјоделски машини Клаас, производителот на челик Залцгитер и производителот на мириси и вкусови Симрајс.

Русија: Западни фирми ја финансираат војната против Украина

Повлекувањето на западните компании од Русија е многу комплексно

Германски производи сè уште може да се најдат и во руските филијали на ланци за електроника, супермаркети и специјализирани продавници, покажа неодамна истражувањето на германската радио телевизија СВР. Компанијата Бош изјави дека веќе не извезува апарати за домаќинство во Русија. Сепак, „преостанатите залихи од локалните складишта и натаму ќе се продаваат“. Се чини дека слична слика има и во руските супермаркети. И таму полиците се полни со производи „Made in Germany“, пренесува СВР.

Според истражувањето, во продавниците во Москва сѐ уште се достапни и други германски брендови - вклучително и сферата на текстилната бранша и спортот. Повеќето автосалони кои продаваат модели на Фолксваген, БМВ и Мерцедес Бенц исто така се отворени нормално. Многу компании аргументираат дека московските филијали сега законски им припаѓаат на руски фирми или дека руските трговци сè уште продаваат стари увезени производи. Други посочуваат дека запирањето на испораките за населението во Русија на крајот нема да ги погоди на оние кои се одговорни за војната.

Покрај тоа, повлекувањето на западните компании од земјата е многу комплексно. Постојат правни пречки за неруските компании кои всушност сакаат да ги прекинат своите активности во земјата. Покрај одобренијата за потенцијалните инвеститори, руските власти, според инсајдерски информации, ги притискаат компаниите да ги проценуваат своите активности ставени на продажба со значителни попусти. Ова резултира со големи загуби за компаниите, понекогаш во вредност од милијарди евра.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема