Договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името, меѓу другото, предвидува и формирање Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања. Тој има задача и доколку е неопходно да изврши ревизија на учебниците. Проблем кој не е лесен, а тоа го знае и нашиот #dw_BalkanBooster тандем, Кристина и Алексија, кои се занимаваа со темата.